Агенцијата за стокови резерви ќе откупува пченица
Агенцијата за стокови резерви неделава ќе ја почне постапката за откуп на 12.000 тони пченица. Ова го побараа земјоделците за да може да дојде до стабилизирање на откупната цена на најмалку 12 денари за килограм.

Земјоделците бараат пченицата да чини минимум 12 денари за килограм, а стоковните резерви да почнат со откупот на 1 јули, наместо во октомври или во ноември кога веќе нема да има жито за продавање.
Владата е согласна и Агенцијата за стоковни резерви неделава ќе ја почне постапката за објавување јавен оглас за откуп на 12.000 тони домашна пченица за потребите на резервите. Цената ќе се одреди со јавно наддавање.
На овој начин се оценува дека мелничарите ќе бидат повеќе мотивирани да ја откупуваат домашна пченица за потоа да ја понудат на Агенцијата за стоковни резерви, а истовремено ќе се влијае да се постигне и солидна откупна цена за домашното жито.
Од оваа година за прв на тендерот за откуп, пченицата ќе може да се продава и во помали количества за на продажбата директно да може да учествуваат и помалите индивидуални земјоделци.
Годинава се очекува да биде родна и со поголемо производство од лани односно околу 300.000 тони пченица, со просечни приноси од 3 до 4 тони по хектар.
Методија Трајков
