ЈАПОНИЈА
Силен земјотрес во Осака, има загинати и повредени
18.06.2018 10:19
Уништени се неколку објекти и предизвикани се блокади во сообраќајот.

Загинати и повредени во потресот од 6,1 рихтер во Осака, западна Јапонија. Уништени се неколку објекти и предизвикани се блокади во сообраќајот.
Властите јавија дека нуклеарните реактори во регионот не биле оштетени, а не е издадено ниту предупредување за цунами.
