Постмониторинг известувачите на ПССЕ во посета на Македонија

18.06.2018 10:27

Според најавата од прес-службата од Стразбур, пратениците Лиз Кристоферсен од Норвешка и Валериу Гилетчи од Молдавија се очекува да се сретнат со премиерот Зоран Заев, со претседателот на Уставниот суд, со пратеници, со лидери на политички партии...

Од денеска до среда во земјава ќе престојува делегација на Парламентарното Собрание на Советот на Европа за постмониторинг дијалог со Република Македонија.

Според најавата од прес-службата од Стразбур, пратениците Лиз Кристоферсен од Норвешка и Валериу Гилетчи од Молдавија се очекува да се сретнат со премиерот Зоран Заев, со претседателот на Уставниот суд, со пратеници, со лидери на политички партии, со Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, судии, претставници на граѓанскиот сектор, медиумите и дипломатските претставници во земјата.

Кристоферсен и Гилетчи во Законодавниот дом денеска треба да имаат средба со Бетиане Китев, шеф на делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното Собрание на Советот на Европа.