Седници на повеќе собраниски комисии
Комисијата за економски прашања ќе расправа за предлози за изменување на законите за безбедност на производите, за заштита на потрошувачите како и за контрола на предметите од скапоцени метали.

Во Собранието седници ќе одржат комисиите за економски прашања, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за европски прашања и за труд и социјална политика.
Комисијата за економски прашања ќе расправа за предлози за изменување на законите за безбедност на производите, за заштита на потрошувачите како и за контрола на предметите од скапоцени метали.
Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство во прво читање ќе го разгледа предлогот за изменување на Законот за земјоделство и рурален развој.
Пред членовите на Комисијата за европски прашања ќе се најде во прво читање предлог- законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај како и за предлогот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај.
