Ван Гал не сака во Феенорд!?

26.02.2014 16:20

Селекторот на холандската фудбалска репрезентација, Луј ван Гал, ја одбил понудата по завршувањето на Светското првенство во Бразил да седне на клупата на Феенорд, објавуваат холандските медиуми. „Ако работам во Англија, ќе можам да станам шампион во четири различни првенства“, рече неодамна ван Гал и на тој начин навести која е неговата желба.

Засега е сигурно дека тој нема да остане на селекторската позиција по Мундијалот 2014, а дали ќе добие понуда од премиерлигашка екипа е отворено прашање. Претходно, ван Гал стана првак со Ајакс, со Барселона и со Баерн. 