Дипломатија

Захариева: Македонија заслужува јасна европска перспектива

18.06.2018 11:04

Бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи, очекува Советот за општи прашања на Европската унија со кој таа претседава, во почетокот на наредната недела да даде зелено светло за почеток на пристапните преговори со нашата држава.

Македонија заслужува да ѝ се даде јасна европска перспектива, изјави бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева. Таа очекува Советот за општи прашања на Европската унија со кој таа претседава, во почетокот на наредната недела да даде зелено светло за почеток на пристапните преговори со нашата држава.

„На состанокот на Советот ќе се расправа за темата проширување. Ако Советот даде зелено светло, решението може да биде потврдено на состанокот на Европскиот совет на 29 и 30 јуни“, рече Захариева во интервју за бугарската Нова ТВ.

Захариева вели дека ентузијазмот за проширување кај некои членки не е голем, но повтори дека национален интерес на Бугарија е стабилна Македонија и стабилни соседи кои чекорат кон НАТО и членство во ЕУ.