ЦРНА ГОРА

Марковиќ: Зголемен приливот на мигранти од Албанија

18.06.2018 11:23

Во првите пет месеци од годинава се регистрирани околу 1.500 илегални преминувања на границата.

„Црна Гора е во незавидна ситуација поради порастот на бројот на илегални мигранти, кои од Грција преку Албанија пристигнуваат на нејзина територија“, изјави црогорскиот премиер Душко Марковиќ.

Во првите пет месеци од годинава се регистрирани околу 1.500 илегални преминувања на границата.

Владата планира мерки за нивно намалување  и подготвува посебна локација за сместување на мигрантите.