Раул Гонзалес на Велтинс арена ќе го следи дуелот на “своите“
Вечерашниот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите во Гелзенкирхен, со особено внимание ќе го следи мегазвездата Раул Гонзалес, кој во својата професионална кариера одигра 18 сезони во двата клуба. Иако во последниве години подзаборавен, долгогодишниот капитен на кралскиот клуб ќе остане запатеметен по своите фантастични достигнувања, што е тешко достижно. Во 16 сезони со Реал Мадрид освои 6 титули во Шпанија, 3 во Лигата на шампионите, а во тој период за репрезентацијата одигра 102 натпревари, во кои постигна 44 гола.
Вечерашниот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите во Гелзенкирхен, со особено внимание ќе го следи мегазвездата Раул Гонзалес, кој во својата професионална кариера одигра 18 сезони во двата клуба. Иако во последниве години подзаборавен, долгогодишниот капитен на кралскиот клуб ќе остане запатеметен по своите фантастични достигнувања, што е тешко достижно. Во 16 сезони со Реал Мадрид освои 6 титули во Шпанија, 3 во Лигата на шампионите, а во тој период за репрезентацијата одигра 102 натпревари, во кои постигна 44 гола. Откако дебитираше на 17 годишна возраст, забележа рекордни 741 настапи за клубот, во кој со 323– от погодок во 2009 година, го симна на вечната листа легендарниот Ди Стефано. Многумина очекуваа до крајот на кариерата да остане во најуспешниот клуб во историјата, но по доаѓањето на Жозе Мурињо во 2010 година, му беше ставено до знаење дека повеќе ќе ја грее клупата, одошто дека ќе биде во игра. Во такви услови, под притисок на многуте славни клубови кои сакаат да го видат во своите редови, тој го одбра Шалке, клуб кој е при врвот во германскиот фудбал, но во кој титулите не се императив.
Подоцна Раул призна дека двете години во Гелзеркирхен му биле меѓу најпријатните, кои му ја продолжиле кариерата. Иако моментно настапува за катарскиот Ал Садд, со кој во својата прва сезона ја освои титулата, 36 годишниот Раул изјави дека уште откако ги дознал двојките од ждрепката, веднаш резервирал авионски билет за да го следи натпреварот меѓу Шалке и Реал. Потенцира дека преферира да биде на теренот наместо на трибините, иако не се изјаснува во чиј дрес. Смета дека шансите се на страната на Реал, и дека играчите на Шалке мора да се надминат себеси, а притоа да имаат и многу среќа, за да бидат подобри од Роналдо и дружината.
