Европа

Меркел под притисок за бегалците

18.06.2018 13:56

Меркел сака барателите на азил, кои веќе се регистрирани во една држава- членка на блокот, веќе да не доаѓаат во Германија...

Германската канцеларка Ангела Меркел, под притисок на министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер и австрискиот канцелар Себастијан Курц, прифати учество на Самит на земјите кои се најпогодени со мигрантскиот бран. Можни локации за средбата се Виена, Берлин или Рим.

За Курц, целта е контролирање на надворешната граница на ЕУ. Меркел сака барателите на азил, кои веќе се регистрирани во една држава- членка на блокот, веќе да не доаѓаат во Германија, а  доколку дојдат, да бидат протерани во земјата во која прво се регистрирани.