Трамп нареди формирање на Вселенска војска
Се чека одобрение од Конгресот каде што се води жолчна расправа меѓу поддржувачите на рамноправноста на новиот огранок на војската со другите корпуси и оние кои инсистираат на приклучување на воздухопловните сили.

Американскиот претседател му нареди на Пентагон да формира вселенска војска независна од авијацијата. Се чека одобрение од Конгресот каде што се води жолчна расправа меѓу поддржувачите на рамноправноста на новиот огранок на војската со другите корпуси и оние кои инсистираат на приклучување на воздухопловните сили.
„Во суштината на американскиот карактер е истражувањето на нови хоризонти и поместувањето на границите. Нашата судбина вон Земјата не е прашање на националниот идентитет, туку на националната безбедност. Ова е важно за нашата војска. За да ја браниме Америка, не е доволно само да сме присутни во вселената, мора да владееме со вселената“- нагласи Трамп.
Освен во одбраната, Белата куќа со полна пареа работи и на економијата. Трамп најави нови тарифи за Кина на увоз на дополнителни 200 милијарди долари кинески производи. Од Пекинг се бара промени во политиката бидејќи, како што вели, Кина со години неправедно профитирала од трговскиот дисбаланс со неговата земја. Светската берза веќе се соочува со негативни последици поради спорот.
