Матуиди во ПСЖ до 2018!

26.02.2014 16:28

Фудбалерот за врска на Пари сен Жермен Блез Матуиди потпиша нов четиригодишен договор со францускиот шампион. „Амбициите на клубот се европски. Сега можеме да мечтаеме заедно за уште поголеми нешта“, изјави Матуиди, кој во парискиот тим дојде од Сент Етјен во 2011 и постојано беше клучна фигура без оглед на тоа кој тренер седеше на клупата.

За Пари Сен Жермен Матуиди одигра 124 натпревари и постигна 13 гола, последниот против Баер Леверкузен во убедливиот триумф на гости со 4-0 во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите. Дресот на француската репрезентација го носеше 19 пати.