Кривичен суд

Нови рочишта за „Таргет- Тврдина“ и „Титаник 3“

19.06.2018 10:35

Претходното рочиште за „Таргет- Тврдина“ беше одложено поради незавршената екстрадициска постапка што се води пред Врховниот суд во Грција за двајцата обвинети Горан Грујевски и Никола Бошкоски. Судот денеска треба да се произнесе по барањето за одвојување на постапката за Грујевски и Бошкоски.

Во Кривичниот суд ќе се одржат нови рочишта за предметите „Таргет- Тврдина“ и „Титаник 3“ на Специјалното јавно обвинителство.

Претходното рочиште за „Таргет- Тврдина“ беше одложено поради незавршената екстрадициска постапка што се води пред Врховниот суд во Грција за двајцата обвинети Горан Грујевски и Никола Бошкоски. Судот денеска треба да се произнесе по барањето за одвојување на постапката за Грујевски и Бошкоски.

Во предметот „Титаник 3“ обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури, кои според обвинението, како членови на општинската изборна комисија во Чаир „уништувале изборен материјал“. Обвинетите на претходното рочиште кажаа дека го разбираат обвинението што го презентира обвнителката Фатиме Фетаи, но оти не се чувствуваат виновни.

Според СЈО, двајцата обвинети со своите дејствија влијаеле директно врз изборниот резултат и дека имале криминален нагон да ја фалсификуваат изборната волја на граѓаните на Чаир, со цел да остварат политичка моќ.