Петта светска средба на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија

19.06.2018 10:42

Средбата е во организација на Републичкото здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија, во соработка со здруженијата од Велес, Штип, Радовиш, Струмица, битола, здужението „Чеган“ од Скопје и здруженијата на децата- бегалци од дијаспората.

Од денеска до четврток, во повеќе градови низ Македонија ќе се одржува Петтата светска средба на децата бегалци во организација на Републичкото здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија, во соработка со здруженијата од Велес, Штип, Радовиш, Струмица, битола, здужението „Чеган“ од Скопје и здруженијата на децата- бегалци од дијаспората.

Подготовките почнаа во октомври минатата година, а настанот е во рамки на одбележувањето 70 години од напуштањето на нивните родни огништа во 1948-та година за време на Граѓанската војна во Грција.