ПЕКИНГ

Ким Јонг- ун во посета на Кина

19.06.2018 10:50

Ова е трета посета на Ким на Кина за три месеци.

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг- ун во дводневна посета на Кина на средба со кинескиот претседател Си Џинпинг. Состанокот следи по историскиот самит со американскиот претседател Доналд Трамп во Сингапур.

Ова е трета посета на Ким на Кина за три месеци. Во март неговата прва посета во странство откако дојде на власт во 2011-та година беше токму на Пекинг, а во мај го посети градот Далијан во североисточна Кина.