Продолжуваат протестите против промена на името и договорот со Грција

19.06.2018 10:40

Демонстрантите за денеска во 11 часот, кога почнува собраниската седница на чиј дневен ред е Предлог-законот за ратификација на договорот со Грција, повикаа на нов протестен собир...

И синоќа пред македонското Собрание, двочасовни протести против промена на името и потпишаниот договор со грција. Минаа мирно, без инциденти и без користење пиротехнички средства, но со засилено полициско обезбедување. Се извикуваа пароли и се пееја патриотски песни.

Демонстрантите за денеска во 11 часот, кога почнува собраниската седница на чиј дневен ред е Предлог-законот за ратификација на договорот со Грција, повикаа на нов протестен собир, а најавија и дека протестите ќе ги продолжат секој ден од 20 часот пред законодавниот дом сѐ додека не се повлече договорот.

Од импровизираната бина во паркот „Жена борец“, синоќа пред граѓаните зборуваа Солза Грчева, Филип Петровски, Страшо Олумчев, Јанко Бачев и граѓани. Тие истакнаа дека не прифаќаат референдум за името и бараат оставки од пратениците на СДСМ, а од тие на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер да застанат со народот.