ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Талат Џафери
Во кривичната пријава поднесена до Основното јавно обвинителство, ВМРО-ДПМНЕ наведува дека Џафери го прекршил Уставот, Законот и Деловникот за работа на Собранието, со што извршил кривично дело „злоупотреба на службената должност и овластување“ при неуставното и незаконското донесување на Законот за употреба на јазиците.

ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против претседателот на Собранието, Талат Џафери поради незаконско и неуставно донесување на Законот за јазиците.
Во кривичната пријава поднесена до Основното јавно обвинителство, ВМРО-ДПМНЕ наведува дека Џафери го прекршил Уставот, Законот и Деловникот за работа на Собранието, со што извршил кривично дело „злоупотреба на службената должност и овластување“ при неуставното и незаконското донесување на Законот за употреба на јазиците.
Според квичниот законик, за ова дело е предвидена казна затвор од најмалку пет години.
