ФРОНТЕКС

Грција примила најмногу мигранти во ЕУ

19.06.2018 12:13

Според Европската агенција за контрола на гранциите - Фронтекст, ова е пораст за 90 отсто во споредба со истиот период лани.

Во првите пет месеци од оваа година во Грција пристигнале над 19.800 мигранти, што претставува најголема бројка на прифатени мигранти во една земја членка на ЕУ.

Според Европската агенција за контрола на гранциите - Фронтекст, ова е пораст за 90 отсто во споредба со истиот период лани.

Во Италија е регистрирано зголемување од 77%, а во Шпанија - 59 проценти во однос на ланскиот период.

Најмногу барања за азил биле поднесени во Германија.