Нов оглас за самовработување
Од денес до 11 март сите невработени пријавени во агенцијата можат да алицираат за мерката самовработување со кредитирање. За прокети со најмногу 5 работни места, ќе се доделуваат 17.000 евра.

Македонска упорност, амерканско искуство, нa неколку квадратни метри простор во Битола, Петар и неговите колеги создаваат видео игри за кои се заинтерсирани компании од светски ранг. Идејата им била сами да обезбдеат вработување, отвориле фирма и почнале да работат.
„По две години напорна работа имаме никулец од производ кој што го покажува финалниот производ. Им ја покажавме играта на потенцијални партнери од странство, во Лас Вегас, меѓу кои и на Мајкрософт. Сега сме во преговори“, вели Петар Котевски.
Невработените кои имаат идеја да почнат сопствен бизнис и фирмите кои сакаат да ја прошират дејноста со отворање нови работни места во наредните 10 дена можат да аплицираат за кредит во некој од центрите за вработување. 3.000 евра за новоотворено работно место со максимален износ до 9.000 евра за тројца вработени. За дејности од поголем обем, со 5 вработени, ќе можат да се добијат 17.000 евра. Дополнителни стимулативни средства до 1.000 евра има за вработување на невработени кои останале без работа по основ на технолошки вишок, стечај или ликвидација.
„Ова се кредибилни мерки кои дале резултати, досега со користењето на овие мерки се вработни стотици граѓани. Тие нудат добри можности и е добро граѓаните да се заинтересираат, да аплицираат и да ги искристат“, вели портпаролот на владата, Александар Ѓорѓиев.
Рокот за враќање на кредиот до 9.000 евра е 3 години, односно 5 години за кредит од над 9.000. Грејс периодот е 1 година. Каматната стапка е 1 процент на годишно ниво.
Наташа Јанчиќ
