ВМРО-ДПМНЕ: Капитулантскиот договор на Заев нема да донесе подобар живот

20.06.2018 10:01

Според ВМРО-ДПМНЕ правата вистина е дека иденитетот не е зачуван. Зоран Заев го брише терминот Македонија, додека грчкиот премиер Ципрас соопшти дека договорот не признава постоење на македонска националност...

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека капитулантскиот договор на Заев нема да донесе подобар живот. Во партиското соопштение се вели дека државата повеќе ќе тоне поради неспособната Влада, а срамниот геноцид ќе се памети.

Според ВМРО-ДПМНЕ правата вистина е дека иденитетот не е зачуван. Зоран Заев го брише терминот Македонија, додека грчкиот премиер Ципрас соопшти дека договорот не признава постоење на македонска националност, што Заев не го негираше, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.