Кривичен суд
Ново рочиште за случајот „Тендери“
20.06.2018 10:13
На минатото рочиште што се одржа на 14-ти мај во судот беа презентирани докази од СЈО...

Во Кривичниот суд треба да се одржи рочиште за предметот на СЈО „Тендери“ во кој првообвинета е поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска во врска со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, дел од проектот Скопје 2014-та.
Во овој случај обвинети се уште двајца членови на комисијата за јавни набавки. На минатото рочиште што се одржа на 14-ти мај во судот беа презентирани докази од СЈО, а потоа и пишани докази на одбраната.
