Во касарната „Ѓорче Петров“ ќе биде пуштен во употреба објект за тактички вежби

20.06.2018 10:25

Најавени се воведни обраќања на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, американскиот амбасадор Џес Бејли и директорот на Европската команда на Армијата на САД во Штутгартт, Вејн Раб.

Во касарната „Ѓорче Петров“ свечено ќе биде пуштен во употреба објектот за тактички вежби. Настанот е во организација на Министерството за внатрешни работи, а во соработка со ИЦИТАП - одделот за правда на САД, Европската команда на Армијата на САД и Американската амбасада.

Најавени се воведни обраќања на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, американскиот амбасадор Џес Бејли и директорот на Европската команда на Армијата на САД во Штутгартт, Вејн Раб.

Спасовски и Бејли ќе потпишат писмо за донација, а потоа следува откривање на плочата и свечено пуштање во употреба на објектот. Донацијата изнесува над 900 илјади долари.