САД излегоа од Советот за човекови права на ОН

20.06.2018 09:50

Како причина за одлуката, американската амбасадорка во Организацијата, Ники Хејли го наведе неуспешното спроведување на реформи кои беа предуслов за нивно натамошно дејствување во Советот.

Русија поднесе кандидатура за членство во Советот на ОН за човекови права за периодот меѓу 2021 и 2023 година, неколку часа по повлекувањето на САД од ова тело. Како причина за одлуката, американската амбасадорка во Организацијата, Ники Хејли го наведе неуспешното спроведување на реформи кои беа предуслов за нивно натамошно дејствување во Советот.

„Овој чекор не значи повлекување од обврските за човековите права. Напротив, си заминуваме зашто не сакаме да сме дел од лицемерна и себична организација“, потенцира Хејли.

Државниот секретар Мајк Помпео изрази незадоволство од непријателскиот однос кон Израел против којшто, според него, биле усвоени најмногу резолуции.