СЕУЛ
Хакерска кражба на Јужнокорејска берза за криптовалути
20.06.2018 10:31
Тргувањето е запрено откако била откриена измамата.

Хакери ја нападнале берзата за трговија со криптовалути Битамб од која се украдени виртуелни валути во вредност од 31,5 милиони долари.
Тргувањето е запрено откако била откриена измамата. Платформата истакна дека ќе ги надомести загубените дигитални пари со сопствени средства.
