Советот на Град Скопје ќе расправа за ребаланс на буџетот
Најголеми промени ќе има кај секторот за комунални работи, каде што е предвидено зголемување на средствата за 67 милиони, како и секторот за сообраќај каде што е предвидено намалување за речиси 105 милиони денари.

Советот на Град Скопје ќе го разгледа предлогот за ребаланс на буџетот за 2018-та година, со кој е предвидена рационализација на трошењето од градската каса. Буџетот ќе биде намален за 27 милиони и ќе бидат потрошени вкупно 4 милијарди 227 милиони денари.
Најголеми промени ќе има кај секторот за комунални работи, каде што е предвидено зголемување на средствата за 67 милиони, како и секторот за сообраќај каде што е предвидено намалување за речиси 105 милиони денари.
Со ребалансот се предвидени дополнителни 15 милиони денари за основачки влог за новото АД за енергетски дејности со кое граѓаните на Скопје ќе добијат брзо и евтино приклучување на системот на топлинска енергија, како и почнување на процесот на гасификација на метрополата.
