Јувентус без Асамоа

26.02.2014 16:46

Јувентус ќе биде без услугите на Квадво Асамоа на утрешното гостување кај Трабзонспор во шеснаестинафиналето од УЕФА Европа лигата. Поради повреда, фудбалерот којшто дејствува по левата страна нема може да му помогне на италијанскиот првак и на дерби – пресметката во калчото со Милан претстојниот викенд. Од истите причини на „Сан Сиро“ нема да истрча и Артуро Видал.

25-годишниот Асамоа за Јувентус сезонава одигра 25 натпревари и забележа два гола и една асистенција. Лани двапати ја затресе мрежата на 27 настапи за торинскиот клуб којшто во Трабзон однесе предност од 2-0 од првите 90 минути во двомечот.