Кристоферсен: Се надеваме дека договорот со Грција ќе биде ратфикуван наскоро
Норвешката евопратеничка Лиза Кристофересен на прес- конференција во Скопје истакна дека тие се надеваат оти договорот ќе биде ратификуван, а ја поздрави и, како што рече, добрата волја и храбрите чекори на двете земји.

Советот на Европа го поздравува, како што велат, историскиот договор со Грција. Норвешката евопратеничка Лиза Кристофересен на прес- конференција во Скопје истакна дека тие се надеваат оти договорот ќе биде ратификуван, а ја поздрави и, како што рече, добрата волја и храбрите чекори на двете земји.
„Претседателот на ПССЕ и генералниот секретар го поздравија договорот за името. Се работи за историски договор. Се надеваме дека неговата ратификација ќе се случи наскоро. Ние ја поздравуваме добрата волја и храбрите чекори што беа преземени од двете земји членки на Советот на Европа, со што тие дадоа вистинки вреден придонес кон стабилноста на целиот регион“, рече Кристоферсен.
Името и идентитетските прашања, како што рече, кои се опфатени со овој договор, со децении потикнуваа жестоки и емоционални реакциии понатаму остануваат чуствителни прашања за делови од општеството.
Се очекува претставници на ПССЕ да го набљудува референдумот најавен за на есен.
