Бошњаковски: Време е политичките субјекти да покажат одговорност за моментот во кој се наоѓа Македонија
20.06.2018 13:16
Бошњаковски уште еднаш повтори дека граѓаните на референдум ќе го кажат последниот збор...

Време е сите политички институции во Македонија, вклучително и претседателот Иванов, да покажат елементарна политичка одговорност за моментот во кој се наоѓа Република Македонија, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски во врска со денешната писмена изјава на претседателот Ѓорге Иванов дека неговиот став за договорот за името останува непроменет и повикот до премиерот Зоран Заев веднаш да поведе постапка за импичмент против него.
Бошњаковски уште еднаш повтори дека граѓаните на референдум ќе го кажат последниот збор и оти нивната волја ќе биде обврзувачка за сите политички субјекти во државата.
