Собранието го ратификуваше договорот со Грција
Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на седницата. ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе побара толкување од Венецијанската комисија за утврдување на правната природа на договорот.

Собранието на Република Македонија го усвои Законот за ратификација на договорот за решавање на 27- годишниот спор за името со Грција. Договорот беше ратификуван со 69 гласови „за“, без против и воздржани.
Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на седницата. ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе побара толкување од Венецијанската комисија за утврдување на правната природа на договорот.
Договорот означува почеток на крајот на неизвесноста за Македонија и претставува достоинствено и прифатливо решение за двете страни, со кое засекогаш се потврдува македонскиот идентитет и јазик, нагласи премиерот Зоран Заев во обраќањето пред пратениците во Законодавниот дом.
Имаме договор со јасно обележје на нашиот македонски идентитет, на нашиот македонски јазик, за век и векови. Никому ништо не сме му подариле ниту некој ни земал нешто кога се договоривме за географска одрдница. Ова е храбар чекор во интерес на иднината на граѓаните и нашите деца, за спокојна иднина. Да ги отфрлиме манипулациите и излолацијата и да му понудиме шанса на договорот, рече Заев.
Нагласи дека договорот е поддржан од сите меѓународни партнери, ги отвора портите на Македонија кон европска иднина.
