Влада на РМ

Проект за поголем увид во јавните набавки

20.06.2018 13:46

Увид во тендерската документација и процесот на јавните набавки од граѓанските организации, најавија Министерството за здравство, ЕЛЕМ и Службата за општи и заеднички работи. Со увидот на ризик факторите ќе се намали и ризикот од судир на интереси. Се прават анализи во тендерските постапки, но и обиди за заштеда со систем на централизирани набавки, најавија од Владата...

Граѓанските организации ќе имаат целосен увид во тендерите и процесот на јавни набавки, сè до склучување на договорот со понудувачите, најави Владата. Проектот почнува со Министерството за здравство, ЕЛЕМ и Службата за општи и заеднички работи, по што ќе бидат вклучени и другите владини институции. Според министерот Поповски целта е да се зголемат транспарентноста и контролата врз трошењето на народните пари.

Министерот за здравство Филипче вели- граѓанските организации ќе учествуваат во комисиите кои решаваат за видот и количеството на лековите и другата опрема што треба да се набави.

На сите граѓански организации кои ќе побараат увид, тоа ќе им биде овозможено, велат од СОЗР и од ЕЛЕМ.

Невладините организации ќе треба да потпишат договор за доверливост за да имаат увид во постапките и во процедурите за јавни набавки.

 

Игор Панов