Нова програма

Вклученост на младите во социјалното претприемништво

20.06.2018 14:42

Младите на возраст од 13 до 19 години можат да станат социјални иноватори и претприемачи, да ги развијат способностите за препознавање проблеми од блиската средина, но и да се вклучат во нивно активно решавање преку развивање иновативни решенија. Ова го овозможува Upshift програмата за социјално претприемништво...

Младите да се вклучат во проектите за социјалното претприемништво. Фондот за иновации промовираше програма. Треба да им помогне на младите луѓе да развијат соодветни вештини, да почнат бизнис, да ги препознаат проблемите и да најдат решенија.

Првиот повик ќе биде објавен идната недела. Најдобрите ќе добијат менторска обука во период од три месеци, но и финансиска поддршка од две илјади евра.

Од Министерството за образование велат дека се размислува оваа програма во наредниот период да стане дел од оброзовниот процес.

Програмата за социјално претприемништво е наменета за млади луѓе на возраст од 13 до 19 години. Досега е спроведена во 12 земји.

 

Дијана Ценевска