ВМРО-ДПМНЕ: Договорот со Грција го менува македонскиот идентитет
Заев им го одзема правото на граѓаните да бидат Македонци и правото да се употребува зборот Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Со капитулантскиот потпис на Договорот со Грција, Заев им го одзема правото на граѓаните да бидат Македонци и правото да се употребува зборот Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, договорот задира и го менува македонскиот идентитет.
„Со договорот одземена им е државноста на Македонците. Тие ја губат својата држава. Заев признава дека сите институции ќе мора да го заменат и загубат македонскиот предзнак. Заев призна дека сите институции ќе мора да го избришат името и наместо придавката Македонска, Македонско, Македонски, ќе мора на крајот на името да додадат „на Северна Македонија“. Така, Заев признава дека ќе се смени и името на државните институции, министерствата, државните органи, МАНУ, личните карти, пасошите. Заев манипулира дека секаде ќе останела придавката Македонски/а/о, иако договорот поинаку предвидува“, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Стоилковски.
