Метео: Сончево со мала до умерена облачност

20.06.2018 15:02

Температурата ќе достигне до 34 степени. Врнежи се очекуваат и во петок кон крајот на денот...

Утре во Македонија се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Во западните делови попладне ќе има значително зголемување на облачноста кое ќе донесе појава на пороен дожд и грмежи.

Температурата ќе достигне до 34 степени. Врнежи се очекуваат и во петок кон крајот на денот, а за време на викендот температурите ќе бележат опаѓање.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска