Кредити за мали и средни претпријатија

Финансиска поддршка за развој на бизнисот

20.06.2018 15:15

Европската банка за обнова и развој одобри 10 милиони евра за кредитирање на малите и средни претпријатија. Средствата ќе се пласираат преку домашна банка. Треба да ги поттикнат конкурентноста и развојот на бизнисите. Министерот за финансии, Тевдовски вели дека во моментов не се работи на ребаланс на буџетот. Тврди дека реализацијата на приходите е добра...

Европската банка за обнова и развој одобри кредит во износ од 10 милиони евра за натамошо кредитирање на малите и средните предпријатија. Ќе се пласираат преку домашна банка. Нова кредитна линија, според министерот за финасии Драган Тевдовски преставува ликвидносна инјекција која ќе придонесе за придвижување на малите и средни бизниси во држава. За 15 отсто од инвестициите тие ќе добијат поврат на средствата во форма на грант од ЕУ.

„Кредитната линија се реализира преку Програмата за поддршка на конкурентноста и иновативноста и е стимул за вложување во нови производни капацитети и отворање нови работни места“, рече министерот Тевдовски.

Програмата за поддршка на конкурентноста е проектирана на 30 милиони евра, од кои шест милиони се грант од ЕУ. Во овој политички и еконмски критичен период одлучивме да дадеме подршка на малите и средни претријатија, ставајќи им на располагање повласетни кредити за инвестиции, истакна потпретседателот на ЕБОР, Ален Пилу.

„Сакаме да понудиме понатамошен поттик и да им помогнеме на локалните компании за подобрување на конкурентноста и подготовка за учество на европските пазари“, вели Пилу.

Кредитирањето на малите претпијатија само лани се зголеми за 17%. Со овие 10 милиони евра кредитна линија од ЕБОР ќе ја зацврстиме нашата позиција како стабилен партнер и столб за развој на економијата“, изјави Бранка Павловиќ, Охридска банка- Сосиете Женерал.

Министерот за финансии Тевовски изјави дека во периодов Владата не размислува за ребаланс на буџетот, бидејки приходите и расходите се движат во предвидената динамика.

 

Марина Стојанова- Тонева