Обвинителството го истражува пожарот во Велес
Според првичните сознанија на Јавниот обвинител, родителите ги заклучиле децата и заминале во продавница. За тоа, време, од засега непознати причини избувнал пожар и за кусо време импровизираната куќа изгорела. Децата кои настрадале биле на возраст од четири, две и една година...

Трагедија во Велес. Во пожар во куќа изгореле три малолетни деца. Според Министерството за внатрешни работи, немилиот настан се случил вчера попладнето во објект кој се наоѓал на периферијата на градот. Децата кои настрадале биле на возраст од четири, две и една година.
Од велешката полиција соопштија дека веднаш по пријавата, екипи на противпожарната единица и брзата помош се упатиле на местото на настанот, но немало можност децата да бидат спасени.
Според првичните сознанија на Јавниот обвинител, родителите ги заклучиле децата и заминале во продавница. За тоа, време, од засега непознати причини избувнал пожар и за кусо време импровизираната куќа изгорела.
Јавниот обвинител наредил да се изврши обдукција на телата и нивна идентификација. Ќе се врши и проверка на трагите земени од лице место, за да се утврдат причините за настанување на пожарот.
