Матис: Пентагон ќе одговори на барањето за сместување на мигрантите
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна уредба со која на имигрантските семејства, кои илегално ќе ја поминат јужната граница на САД им се овозможува да останат заедно додека го чекаат исходот од имиграциската постапка.

Американскиот министер за одбрана Џејмс Матис изјави дека Пентагон ќе одговори ако е потребно при смествување на мигрантите приведени при илегално преминување на американско- мексиканската граница. Одредени се четири воени бази за привремено сместување на приведените мигранти, вклучително и деца без придружба.
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна уредба со која на имигрантските семејства, кои илегално ќе ја поминат јужната граница на САД им се овозможува да останат заедно додека го чекаат исходот од имиграциската постапка.
„Сакаме да имаме цврста граница. Потпишав извршна уредба за да семејствата бидат заедно. Законите се ужасни. Ние ги имаме најслабите, најпатетичните имиграциски закони во светот. Мексико прави над 100 милијради долари годишно со нас, со договорот НАФТА прават богатство. Нивните имиграциски закони се моќни и веднаш го запираат бранот. Но бираат да не го прават тоа“, изјави Трамп.
Во сила останува политиката на „нулта толеранција“ со која се гонат кривично сите возрасни лица, кои нелегално ја преминуваат границата на САД.
