Социјална заштита лани користеле 14.758 малолетни и 43.040 возрасни лица

21.06.2018 10:37

Од вкупните права на социјална заштита кај малолетните корисници, најголемо учество имаат услугите на социјална работа, кои изнесуваат 49,5 %, додека од вкупните права на социјална заштита кај полнолетните корисници, најголемо учество имаат услугите за социјална заштита, 84,9 %.

Социјална заштита минатата година користеле 14.758 малолетници и 43.040 полнолетни лица, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Од вкупните права на социјална заштита кај малолетните корисници, најголемо учество имаат услугите на социјална работа, кои изнесуваат 49,5 %, додека од вкупните права на социјална заштита кај полнолетните корисници, најголемо учество имаат услугите за социјална заштита, 84,9 %.

Во 2017 година, 26.160 носители на домаќинства (број на домаќинства) биле корисници на социјална парична помош.