ЛОНДОН

Горниот дом го усвои планот на Меј за Брегзит

21.06.2018 10:39

Домот на лордовите го усвои планот без гласање откако претходно во Долниот дом беа надгласани пратениците кои бараа Парламентот да има поголемо влијание на процесот Брегзит.

Горниот дом на британскиот Парламент го усвои предлог-законот на  премиерката Тереза Меј за Брегзит, со што е завршена повеќемесечната парламентарна дебата за законот со кој формално ќе заврши членството на Велика Британија во Европска унија.

Домот на лордовите го усвои планот без гласање  откако претходно во Долниот дом беа надгласани пратениците кои бараа Парламентот да има поголемо влијание на процесот Брегзит.

Пратениците во Долниот дом на британскиот Парламент гласаа со 319 „за“ наспроти 303 „против“ амандманите поднесени од проевропските пратеници, а потоа го прифатија предлогот на Меј без гласање.