ММФ
Аргентина доби кредит од 50 милијарди долари
21.06.2018 10:58
Владата на Аргентина на почетокот од мај побара финансиска помош за да ја зајакне националната економија преку враќање на довербата во пазарите со кохерентна макроекономска програма.

Директоратот на Меѓународниот монетарен фонд и одобри тригодишен кредит на Аргентина во висина од 50 милијарди долари.
Владата на Аргентина на почетокот од мај побара финансиска помош за да ја зајакне националната економија преку враќање на довербата во пазарите со кохерентна макроекономска програма.
Планот вклучува мерки за заштита на најранливите лица преку исплата на социјална помош во случај да се влошат социјалните услови и обезбедува можност за зголемување на расходите за мрежата за социјална заштита во Аргентина.
