МТСП: Семејството на трите деца кои загинаа во пожарот во Велес е корисник на социјална парична помош

21.06.2018 11:43

Општината Велес во соработка со Центарот за социјална работа се ангажираат за организирање на погребот за настраданите деца, соопшти Министерството.

Семејството на трите деца кои вчера настрадаа во пожар во Велес било евидентирано во системот на Центарот за социјална работа во Велес и биле корисници на социјална парична помош, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.

Општината Велес во соработка со Центарот за социјална работа се ангажираат за организирање на погребот за настраданите деца, соопшти Министерството.

Во тек е истрагата на Основното јавно обвинителство и на Министерството за внатрешни работи кои што ги истражуваат причините за трагичниот пожар во кој животот го загубија три деца.