Лондон

Парламентот го усвои планот на Тереза Меј за Брегзит

21.06.2018 12:44

Британскиот Парламент усвои закон со кој се отвора формален пат за излез на земјата од ЕУ. Од Брисел со порака дека до октомври мора да се подготви прецизен план, во спротивно брегзитот ќе се пролонгира...

Горниот дом на британскиот Парламент го усвои нацрт-законот на премиерката Тереза Меј за Брегзит. Со ова се става крај на повеќемесечната дебата, и се отвора патот за формален крај на членството на земјава во ЕУ.

Нацрт-законот треба да ѝ овозможи на Велика Британија да продолжи нормално да функционира, кога на 29-ти март 2019-та ќе ја прекине врската со европскиот блок. Конкретно, треба да се стави крај на превласта на европското право над британското, а европските закони треба да ги вклучи во британското законодавство.

Владата се обврза на Парламентот да му даде можност за надзор, односно, претседателот на Парламентот да реши дали пратениците ќе можат да предлагаат амандмани. Народните избраници во Долниот дом гласаа со 319 наспроти 303 против амандманот што го поднесоа проевропските пратеници.

Главниот преговарач за Брегзит во Европскиот парламент, Геј Верхофштат, пак, предупредува дека Брегзит мора да биде одложен, освен ако договорот не се случи до крајот на годината. Тој рече дека Брегзит би можел да почека и две децении за да добие одобрение од ЕУ, освен ако двете страни не се согласат со "прецизен" план во октомври.

Членот 50 бара јасна идеја за тоа како ќе функционира идниот однос. Можам да ви кажам дека не само Европскиот парламент, туку и сите членки бараа мошне прецизна политичка декларација“, изјави Гај Верхофстад, координатор за Брегзит во Европскиот парламент.

Нацрт-законот, пресуден за спроведувањето на брегзитот мина тежок пат во британскиот Парламент. Владата претрпе неколку порази, што го потврдуваат постојаните поделби за насоката во која треба да се движи брегзитот.

 

Марина Ристова