На 28-ми јуни втор уписен рок за учениците во средните училишта
Училиштата за второто пријавување, можат да го намалат утврдениот број на минимум поени дадени во конкурсот најмногу до 10 поени, освен за гимназиско образование, економско- правна и трговска струка и здравствена струка.

Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 28-ми јуни 2018-та година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 29-ти јуни 2018-та година, соопшти Министерството за образование и наука.
Училиштата за второто пријавување, можат да го намалат утврдениот број на минимум поени дадени во конкурсот најмногу до 10 поени, освен за гимназиско образование, економско- правна и трговска струка и здравствена струка.
Училиштата се должни со интерен оглас за второто пријавување да го истакнат утврдените минимум поени со кои е можно учениците да конкурираат за запишување во определен план и програма. Објавувањето на минимумот поени треба да се изврши на 25-ти јуни 2018-та година за второто пријавување.
За учениците од деветто одделение кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, се организира втор уписен рок во месец август, во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок, соопшти МОН.
