Спасовски: Македонија не е крајна дестинација на мигрантите, но го надогради Законот за азил

21.06.2018 13:38

Експертите велат дека иако Балканската рута е затворена, детектирани се алтернативни правци...

Македонија не е крајна дестинација на мигрантите, но го надгради Заканот за азил, посочува министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Смета дека нашата регулатива е во во согласност со сите меѓународни правни стандарди.

Според министерот Спасовски, станува збор за квалитетна правна рамка, фундирана врз почитување на постоечката домашна регулатива, но и врз нашите обврски произлезени од декларираната заложба за целосно интегрирање во ЕУ. Таа, правна рамка, рече тој, треба, во периодот што е пред нас, да резултира со донесување низа подзаконски и други акти кои ќе треба да обезбедат институционална оперативност и функционалност на законот, негово системско имплементирање, повеќеинституционално делување, но и зголемување на степенот на регионална и меѓународна соработка.

Експертите велат дека иако Балканската рута е затворена, детектирани се алтернативни правци. Сѐ уште има обиди нелегално да се премине границата.