Македонците немаат навика да купуваат онлајн
Македонија претпоследна во регионот по онлајн трговија. Македонците ниту знаат, ниту имаат доверба да купуваат на интернет. Истражубање на Асоцијацијата за е- трговија...

Македонија е претпоследна во регионот по онлајн нарачки, единствено после нас е Црна Гора. Ова е резулат од анализата на Асоцијацијата за е-трговија. Според истражувањето, земјава има голем напредок во обезбедувањето на потенцијал и неопходни услови за обавување на е-трговија изминативе десетина година, но сепак само 20% од населението со пристап до интернет направило онлајн нарачка.
Во истражувањето на подготвеноста, потенцијалот, фактичката состојба, бариерите и препораките за развојот на е-трговијата констатирано е дека Македонците немаат навика да купуваат преку интернет.
Од Асоцијацијата велат дека се работи за немање доволно познавање и вештини ниту пак доверба за тоа што се нуди на интернет. Според нив, потребно е зголемување на свеста и капацитетите кај претпријатијата, но и едукација на населението за дигителните вештини. Препорачуваат ревидентирање на постоечката регулатива и нејзино усогласување со европската, што ќе преставува уште еден чекор за раст на е-трговијата.
Марина Стојанова- Тонева
