Истражување

Недостига транспарентност при процесот на вработување во администрацијата

21.06.2018 14:29

Сеуште постои перцепција кај граѓаните дека државните вработувања се партиски условени. Ова го покажало истражувањето спроведено од Брима во соработка со УСАИД. За деполитизирана и професионалмна администрација потребно е да се намали партиското влијание корупцијата, непотизмот и дискриминацијата по етничка основа при приемот во државна служба...

Сѐ уште постои перцепција кај граѓаните дека недостига транспарентноста при процесот на вработување во администрацијата, особено по изборите. Голем дел од испитаниците веруваат дека доминантни се партиското влијание, корупцијата, и не постои фер шанса за сите за прием во државна служба. Да се работи на подобрена селекција на вработувања по заслуги и исклучиво врз база на стручни и професионални квалификации. Ова се дел од наодите на истражувањата на агенцијата Брима.

Од локална самоуправа, велат дека во последните 12 години администрацијата е двојно зголемена, од 3.000 на 6.000 вработени. Според нив, фокусот треба да биде на давање квалитетни јавни услуги, зашто тоа е единствениот репер за успешна администрација.

Во информатичко општество и администрација велат дека е подготвена стратегијата за реформи на администрацијата за наредните пет години.

По изборите според истражувањето, по промена на власта, вообичаено се менува речиси 90 насто од раководниот кадар во администрацијата.

 

Игор Панов