Турција воведува соодветни царини за американски стоки
21.06.2018 14:33
Се тарифира увоз на хартија, јаглен, бадеми, тутун, автообили, козметика и производи од многу други индустрии.

Турција воведува увозни царини за повеќе од 20 американски производи како одговор на американските царини за челик и алуминиум. Се тарифира увоз на хартија, јаглен, бадеми, тутун, автообили, козметика и производи од многу други индустрии.
Според документите поднесени во Светската трговска организација, царините во вредност од 267 милиони долари се наменети за увозни стоки чијашто вкупна вредност е проценета на 1,8 милијарди американски долари.
