Бизнис

Прилепските компании заинтересирани за владините субвенции за инвестирање

21.06.2018 15:01

Прилепската Регионална стопанска комора ќе им помогне на компаниите од регионот правилно да аплицираат за финансиска поддршка од државата во инвестирањето. Денеска пред стпанствениците од регионот беа претставени владините мерки од Законот за финансиска поддршка како и мнерките на Фондот за иновации за малите и средни компании...

Компаниите во прилепскиот регион се, главно, извозно ориентирани и добро етаблирани во македонските стопански текови. Регионалната стопнаска комора ги поздравува владините мерки кои ги стимулираат инвестициите и на странските, подеднакво и на домашните компании.

Асоцијацијата ќе им помогне на стопанските субјекти да аплицираат за државното субвенционирање и за изготвување бизнис планови преку посебна комисија, нагласија од прилепската Регионална стопанска комора при денешната презентација на владините мерки од третиот столб за финансиска поддршка на инвестирањерто.

Подеднаква е финасиската поддршка за инвестирање и на домашните и на странските компании, уште повеќе на нивното партнерско економско дејствување заклучуваат од централната и локалната власт. Неколку сегменти се битни, што државата сесрдно финасиски ќе ги поддржи. И преку Законот за поддршка на инвестициите и преку проектот на Фондот за иновации за малите и средни претпријатија.

Прилепските стопанственици се заинтересирани за аплицирање за владиното субвенционирање на инвестирањето.

Елизабета Митреска