Меј: Договорот за името ќе донесе енормни придобивки за двете земји

21.06.2018 15:31

Британската премиерка смета дека ни се отвораат вратите за ЕУ и за НАТО, и посочува дека Обединетото Кралство ќе продолжи да ја поддржува Македонија...

Премиерката на Oбединетото Кралство, Тереза Меј испратила писмо до македонскиот колега Заев. Честитала за постигнатиот договор со Грција и за ратификацијата во Собранието.

Таа оценува дека ова не би било возможно без политичката храброст, визија и лидерство. „Решавањето на ова прашање ќе донесе енормни придобивки за двете држави, како и за поширокиот регион“, оценува Меј.

Британската премиерка смета дека ни се отвораат вратите за ЕУ и за НАТО, и посочува дека Обединетото Кралство ќе продолжи да ја поддржува Македонија на патот кон членството во Евро-атлантскиот сојуз.