Започнува изградбата на експресниот пат Ранковце- Крива Паланка
Станува збор за модерна сообраќајница во должина од 26 километри и со широчина од 12,5 метри. Владата официјално најави дека ќе бидат изградени, реконструирани и обновени повеќе од 60 патни правци...

Претседателот на Владата, Зоран Заев и министерите за транспорт и врски, Горан Сугарески, за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов денеска ќе присуствуваат на локацијата, каде што започнува градбата на експресниот пат Ранковце - Крива Паланка.
Станува збор за модерна сообраќајница во должина од 26 километри и со широчина од 12,5 метри.
Владата официјално најави дека ќе бидат изградени, реконструирани и обновени повеќе од 60 патни правци во должина од 800 километри за што се обезбедени вкупно 270 милиони евра.
