Кривичен суд
Продолжуваат судењата за „Титаник 3“ и „Насилство во Центар“
22.06.2018 10:18
Во предметот „Титаник 3“ обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури, затоа што како членови на општинската изборна комисија во Чаир „уништувале изборен материјал“...

Во Кривичниот суд за денеска се закажани рочишта за предметите на СЈО „Титаник 3“ и „Насилство во Општина Центар“.
Во предметот „Титаник 3“ обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури, затоа што како членови на општинската изборна комисија во Чаир „уништувале изборен материјал“.
Обвинетите во предметот „Насилство во Центар“ се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред Општина Центар во јуни 2013-та година.
