Мицкоски: Ќе поддржиме референдум, само ако тој е обврзувачки и демократски
Ќе поддржиме референдум, само ако тој е обврзувачки и демократски, ако биде незадолжителен, партијата нема да го признае како волја на народот, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Алсат-М Телевизија.

Потпишаниот договор со Грција е капитулантски чин со кој е прифатен ултиматумот на Грција и сто проценти од нивните барања. Тој ја обврзува само Македонија, а не и Грција.
Ќе поддржиме референдум, само ако тој е обврзувачки и демократски, ако биде незадолжителен, партијата нема да го признае како волја на народот, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Алсат-М Телевизија.
Мицкоски вели дека договорот излегол надвор од рамки на Резолуцијата на ОН во која, како што рече, јасно се вели дека се разговара за разликите што Грција ги има во врска со нашето уставно име, а не за идентитет и јазик, нешта, што рече, се одамна стекнати, а сега се губат.
